Србија ѝ одговори на Хрватска откако протера пет хрватски државјанки

Српското Министерство за надворешни работи во четвртокот оцени дека е „несоодветно“ хрватските власти да ја обвинуваат Србија за протерување на хрватските државјани во согласност со „вообичаената меѓународна практика“.

Претходно во четвртокот, Хрватска испрати протестна нота до Белград поради петте хрватски државјанки кои беа уапсени и протерани од Србија во средата. Станува збор за претставници на невладини организации кои учествуваа на работилници организирани од фондацијата Ерсте во главниот град на Србија.

Српското министерство на својата веб-страница посочува дека во одговорот на официјален Загреб треба да се наведе „што навистина направиле во Србија“.

„Несоодветно е државните функционери и политичките актери во Хрватска да ја обвинуваат Србија дека ја загрозува слободата на движење и говор“, соопшти Министерството, додавајќи дека хрватските државјнаи биле третирани од надлежните државни органи „во согласност со законските процедури и вообичаената меѓународна практика“.

„Од друга страна, српските државјнаји често се третираат во Хрватска на начин кој не е во согласност со законот, европските вредности и стандарди или здравиот разум“, се посочува во соопштението, посочувајќи го примерот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој беше службено спречен да дојде во поранешниот усташки концентрационен логор Јасеновац.

Според Министерството, уште полош третман имаат обичните српски граѓани кои често се „мета на навреди и напади од поединци во Хрватска, но и на законско насилство поддржано од државата“.

„Прашањето на кое Република Хрватска треба да и одговори на својата јавност е зошто ниту еден од другите хрватски граѓани кои моментално живеат на територијата на Република Србија не доживува непријатност или посебен третман, туку се добредојдени гости.

„Но, тој одговор треба да содржи и информации за тоа што всушност направиле лицата кои се предмет на реакции на дел од хрватската политичка јавност во Србија“, соопшти Министерството, во детали за активностите на протераните хрватски државјани.

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи препорача во четврток да се одложат сите патувања во Србија и да се избегнуваат места каде што се собира голем број луѓе.

Бран антивладини протести и блокади на универзитетите се во тек во Србија по несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога се урна настрешница, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.

Официјален Белград повќепати предупреди дека државјани на соседните земји, по налог на тамошните раазузнавачки служби и на друи западни земји, учестуваат во организирањето и на самите антивладини протести, како и дека особено хрватските медиуми целосно се посветени на оцрнување на актуелната српска власт.