![migranti Meksiko SAD](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/migranti-Meksiko-SAD-696x464.avif)
Мексико минатата седмица прими депортирани мигранти од немексиканско потекло, изјави во понеделникот мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум Прадо, спротивно на претходната најава дека ќе се спротивстави на тоа.
Шејнбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека „огромното мнозинство“ од нив се Мексиканци. Во таа бројка се вклучени луѓе испратени од САД со четири летови, пренесува Reuters.
Сепак, од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, нема „значително“ зголемување на депортациите од САД во Мексико, рече Шејнбаум.
Претседателката претходно изјави дека нејзината левичарска влада се противи на враќањето на програмата „Remain in Mexico” (Остани во Мексико) на администрацијата на Трамп, според која мигрантите од немексиканско потекло ќе бидат вратени во Мексико додека чекаат да започне процесот на разгледување на нивната апликација за влез во САД.