
Во Македонија во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините ќе биде магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат меѓу минус 3 и 4, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 12 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде променливо облачно, магливо и претежно тивко, со највисока температура до 10 степени.