Мицкоски: 250 милиони евра на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании

На владина седница која се уште трае беше донесена одлука, со која како што ветивме, се ставаат на располагање на стопанството 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова е историски најголема сума до сега која директно се става на располагање на стопанството и претставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедила за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие може да ги користат овие пари преку давање на супер ниска каматна стапка. Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која парите ќе станат достапни за компанијата е преку министерството за финансии.

Мицкоски очекува значајно влијание за стопанството. Ова, според него ќе обезбеди нови комании и нови работни места.