
Бугарската полиција во специјализирана операција, спроведена во свиленградското село Штит во близина на бугарско-турската граница заплени 112,320 килограми хероин во вредност од 13.478.400 лева (околу 6,9 милиони евра).
– Во операцијата се приведени двајца мажи, изјави окружниот обвинител на Хасково, Иван Стојанов на прес-конференција во градот.
Операцијата била спроведена ноќта на 10 спроти 11 ноември и вчера и била предводена од окружното обвинителство во Хасково.
Дрогата е пронајдена на околу 15 до 20 метри од границата.
Стојанов истакна дека при претрес на живеалиштето на приведените, кои се татко и син се пронајдени и конфискувани огнено оружје, муниција, телефони и СИМ картички.
Според сознанијата на истрагата дрогата е внесена од Турција и е наменета за Западна Европа.