![oblacno 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/oblacno-01.jpg?resize=696%2C410&ssl=1)
Во средата ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 0 до7, највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно, наутро магливо и претежно тивко. Од крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Температурата ќе достигне до 10 степени.