Две судијки поротнички се повлекоа од судењето против Жан Митрев и неговата клиника

Две судијки поротнички, членови на Советот на судии при скопскиот кривичен суд во случајот што јавната обвинителка Искра Хаџи Василева го води веќе три години се повлекле од судењето против Жан Митрев и неговата клиника.

Според судски извори двете поротнички кои се откажале од својата функција поради лични причини и обврски веќе нема да бидат дел од советот на судии што го суди познатиот кардиохирург.

Храброто откажувањето на поротничките се случува откако со месеци обвинителката Искра Хаџи Василева чита изјави на наводно оштетени во случајот а предходно таа направи низа сериозни пропусти во обид по секоја цена да го осуди познатиот кардиохирург против кого не обезбеди ниту еден валиден доказ за вина за наводна измама.

Случајот кој Expres.mk го следеше од почеток како епитом на македонската правосудна мафија изобилува со низа скандали поврзани со чекорите на обвинителството.

Според најавите од повеќе кругови допрва се очекува на виделина да излезат низа скандалозни факти за прогонот на Жан Митрев кој е жртва на политичка, партиска и бизнис групација која имала за цел да ја преземе Клиниката Жан Митрев со помош на луѓе од јавното обвинителство и други институции кои беа под контрола на СДСМ и ДУИ.

Засега нема конкретно објаснување зошто двете судии поротнички се повлекле од својата функција но не се исклучува дека тие знаејќи ги фактите за случајот направиле храбар потег затоа што не сакаат понатаму да бидат дел од конструиран процес против Жан Митрев кој пред обвинението од обвинителката Искра Хаџи Василева одби да ја продаде болницата на луѓе од врвот на поранешната влада.

Поради судскиот случај сите сметки на Жан Митрев истоимената клиника се блокирани што се смета за економски притисок врз болницата каде се лекуваат илјадници пациенти и која годишно на државата и плаќа милиони евра на име на даноци и други давачки.

Со повторувањето на судскиот процес за кој е јавна тајна дека е политички-бизнис прогон, Јавното обвинителство кое се уште не се откажува, може да предизвика нови милионски трошоци и продолжување на обвинителската фарса која уште малку ќе влезе во четвртата година.

Со своето храбро повлекување од скандалозното судење на Жан Митрев двете судијки поротнички им упатуваат симболична порака на своите колеги судечки судии но и обвинители дека правдата не смее да биде слепа особено кога се работи за предмети за кои обвинителството со години не може да обезбеди докази затоа што делото воопшто не постои.

Двете судијки поротнички со повлекувањето практично го отвораат патот за кревање на гласот од страна на сите други чесни луѓе во правосудството кои поради своите корумпирани правосудни колеги трпат срам и мораат да објаснуваат дека не сите судии и обвинители се нечесни или поткупливи.