Јавните претпријатија во тридневна акција за чистење на Карпош

Јавните препријатија на Град Скопје во соработка со администрацијата од општина Карпош започнаа тридневна акција на чистење на општината.

Паркови и зеленило, Водовод и канализација, Улици и патишта , ЈСП и Комунална хигиена во рамките на своите активности ќе придонесат за чистење и уредување на оштина Карпош.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека досега имаат одлична соработка со општина Карпош и градоначалникот Стевче Јакимовски и благодарение на таа добра соработка се реализирале многубројни проекти.

-Со заедничка соработка ги подобруваме условите за живеење на жителите на општина Карпош. Целта на овие посети е меѓудругото жителите на Карпош и администрацијата од таму Јавните претпријатија да ги почувствуваат како свои, истакна Трајановски.

Оваа е  11 пат како во општина Карпош се изведуваат активности со ресурси на Јавните претпријатија и админстрацијата на градот.

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски истакна дека соработката со Јавните претпријатија и со Градот Скопје е одлична, потенцирајќи дека порано не било така. Тој посочи дека таа добра соработка резултира со многу реализирани проекти на терен кои ги уживаат граѓаните.