![promenlivo vreme oblaci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/promenlivo-vreme-oblaci.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Според УХМР, во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.
Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање.