Кејт Мидлтон испрати силна порака на социјалните мрежи пред Светскиот ден на ракот, само три недели откако објави дека е во ремисија од лекувањето.
Светскиот ден за борба против ракот се одбележува на 4-ти февруари, а Мидлтон ја сподели својата порака ден претходно. Имено, таа сподели фотографија на која стои насмеана во шумата со кренати раце, а како што напишала, фотографијата ја направил нејзиниот син Луис.
https://twitter.com/KensingtonRoyal/status/1886444678922330529
-Не заборавајте да негувате сè што лежи надвор од болеста, напиша Кејт,
Природата беше посебен извор на енергија и омилен начин за опуштање за Кејт Мидлтон за време на нејзиниот третман.
Мидлтон поголемиот дел од минатата година го помина на лекување, а во септември официјализираше дека завршила со хемотерапија, додека на 14 јануари објави дека нејзината болест сега е во ремисија.
Кејт постепено се враќа на своите кралски обврски и се стреми да ги исполни сите потребни должности.
Фото: Facebook / The Royal Family