
Aлександар Ристоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реагира на објавата на Димитар Апасиев од Левица дека власта го затворила Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9.
Ристоски објаснува дека причината за затворањето на радиото не е политички притисок, туку дека тоа не било слушано, па заради другите интереси на младите денес, ќе се ориентираат кон социјалните мрежи како медиум.
„Цел е истите средства од тоа радио да бидат пренаменети во мултимедијален систем на УКИМ којшто ќе биде модерен и ќе допира до својата публика. Ниту ВМРО, ниту ниедна партија. Студентите го избравме по логика на денешницата. Жал ми е што сме замешани во политика без никакво истражување на темата од ваша страна професоре Димитар Апасиев. Студентите се млади луѓе кои мнозинството не сме политички определени и сакаме да останеме надвор од овие игри“, ги објаснува Ристоски причините за затворањето на радиото.
Апасиев на својот фејсбук профил објави: „Мицко се плаши од младата ПРОГРЕСИВНА СИЛА, па тргна во затворање на Студентското радио уште на почетокот од мандатот“.
Со решение на Агенцијата на аудио и ауди визуелни медиумски услуги, на 21.1 од регистарот е избришано Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9.