Уапсен Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пецо Мирчевски е уапсен, неофицијално дознава „Нетпрес“.

Финансиската полиција врши претреси во неговиот дом во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.