Доларот благо зајакна, цените на нафтата пораснаа

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргвуање вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 107,70 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 107,60 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,15 на 151,55 јени.

Меѓутоа, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0385 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0395 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,52 отсто, на 74,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,42 отсто, на 70,90 долари.