Израел ќе ги врати сите заложници, а Хамас „нема да биде таму“, вели Нетанјаху

Израел ќе стори сé што е можно за да ги врати дома сите заложници кои се држат во Газа, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање.

„Ќе направиме сѐ за да ги вратиме сите наши заложници“, рече Нетанјаху, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „целосно се согласува“ дека Израел „ќе вложи максимални напори да ги врати сите заложници и Хамас нема да биде таму“.

Во саботата, кога тројца заложници беа предадени на Црвениот крст во Газа, Нетанјаху истакна: „Уште еднаш ги видовме чудовиштата на Хамас“. „Тие се истите чудовишта кои колеа израелски граѓани и ги мачеа заложниците, а јас уште еднаш им порачувам дека ќе платат висока цена“.

Тој исто така нагласи дека им наредил на израелските преговарачи „да им го кажат тоа на посредниците“.

Претходно во саботата, кабинетот на премиерот соопшти дека Израел ќе одговори на „ужасната снимка“ од предавањето на заложниците на Црвениот крст на 8 февруари, што ја покажа лошата состојба во која се наоѓаат израелските граѓани.

Во меѓувреме, медиумот Ynet објави, дека Нетанјаху дал инструкции да испрати израелска делегација во Катар за да разговара за дополнителни детали за договорот за прекин на огнот во Газа.