Трамп ќе објави нови царини за увозот на челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека во понеделник ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што ќе биде надополнување на веќе постоечките царини за металите.

Трамп, говорејќи пред новинарите во претстедателскиот авион „Air Force One“, исто така, рекол дека ќе ги објави реципрочните царини во вторник или среда, кои ќе стапат на сила речиси веднаш.

Трамп воведе царини од 25 отсто за челикот и 10 отсто за алуминиумот за време на неговиот прв мандат, но подоцна им одобри квоти без царина на трговските партнери, вклучувајќи ги Канада, Мексико и Бразил.

Поранешниот претседател Џо Бајден ги прошири тие квоти на Обединетото Кралство, Јапонија и Европската унија, а искористеноста на капацитетот на челичарниците во САД е намалена последниве години. Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит рече дека новите царини ќе се надополнат на постојните царини за челикот и алуминиумот.

Трамп во петокот објави дека ќе воведе реципрочни царини, зголемувајќи ги давачите во САД за да одговараат на оние на трговските партнери. Тој не ги идентификуваше земјите, но тарифите ќе бидат наметнати „за да бидеме подеднакво третирани со другите земји“.