И Ле Пен бара референдум за укинување државјанство по основ на раѓање

Претседателката на политичката партија Национален собир Марин ле Пен повика на одржување референдум за укинување на државјанството врз основа на раѓање на тлото на Франција. Таа со ова реагираше на изјавата на премиерот на Франција Франсоа Бајру, кој претходно повика на дијалог за емиграцијата, државјанството и идентитетот и кажа дека е доста „расправи и зборувања“.

„Веќе 25 години расправаме за тоа. Постои нешто што е подобро од дебата, а тоа е гласање. Референдумското прашање кое би им било поставено на Французите би гласело – дали се сложувате со законот кој го укинува стекнувањето државјанство врз основа на правото на тлото“, порача Ле Пен и го повика премиерот Бајру да организира референдум за промена на законот.