![интернет](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/internet-scaled.jpg?resize=696%2C429&ssl=1)
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваа на музичко ликовен хепенинг кој го приредија учениците од О.У. „Димитар Македонски“ во општина Аеродром по повод одбележување на Меѓународниот ден за побезбеден интернет.
„Одбележуваме еден значаен ден, за прв пат Меѓународниот ден на побезбеден интернет го одбележуваме во основно училиште Димитар Македонски во Аеродром. На овој начин, сакаме да ја поткренеме свеста на најмладите, особено на учениците за важноста на безбедното користење на интернетот, социјалните медиуми и модерните алатки. И од тука сметам дека ваква манифестација, еден музичко ликовен хепенинг, е вистинскиот начин на кој што ќе ги презентираме и придобивките од интернетот и ќе разговараме со младите како побезбедно да ги користат овие алатки на современото живеење“, изјави Андоновски
Настанот беше органзиран во рами на проектот “МКСафеНет/Центар за побезбеден интернет” проект кој е дел од програмата Дигитална Европа. Министерот изрази благодарност до училиштето за организацијата, како и на општествено одговорните компании за поддршката на настанот.
„Во рамки на поддршката на општествено одговорни компании, како што е А1, кои обезбедија подароци за учениците и придонесоа да имаме еден симпатичен настан со кој што ќе ја зголемиме свеста кај младите и кај учениците за безбедноста на интернет, продолжуваме со активности низ целата држава, во делот на проектот за побезбеден интернет МКСафеНет и отварањето на Центарот за побезбеден интернет. Очекувам дека со завршувањето на проектот наредната година ќе го имаме отворено како центар кој што ќе нуди секојдневна поддршка на младите, учениците но и на училиштата и педагозите кој што работат со децата.“ заврши министерот Андоновски