![evkuaicija Pojas Gaza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/evkuaicija-Pojas-Gaza.jpg?resize=679%2C382&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот повторно го бранеше својот контроверзен план за преселување на Палестинците од Појасот Газа, велејќи дека нема да им биде овозможено да се вратат во областа.
На прашањето дали на Палестинците ќе им биде овозможено да се вратат во Газа, Трамп изјави за Fox News дека нема да го сторат тоа бидејќи „ќе имаат многу подобро сместување“. Речи и дека неговата цел е да создаде „постојано место“ за Палестинците.
„Ќе изградиме прекрасни заедници за 1,9 милиони луѓе“, рече тој во интервјуто емитувано во понеделникот, истакнувајќи дека тие заедници треба да бидат „малку подалеку од местото каде што се сега, каде што е опасноста“.
„Во меѓувреме, јас би ја преземал контролата врз Газа. Замислете го тоа како проект во недвижнини за иднината“, додаде америкаскиот претседател.
Трамп рече дека очекува да се постигне договор со Египет и Јордан за преселување на Палестинците. Сепак, двете земји силно ја отфрлија идејата за прифаќање на Палестинците од Газа.
Неговиот план да ја преземе контролата врз Газа, да ги премести речиси 2,3-милиони жители од палестинската енклава и потоа да ја обнови територијата наиде на жестоки критики од американските сојузници и противници, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржа.
Правните експерти посочуваат дека протерувањето на Палестинците од Газа би било кршење на меѓународното право, а Обединетите нации предупредија на етничко чистење, за што го обвинуваат и Израел.