САД нема да испратат трупи во Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да испрати американски трупи во Украина, изјави денеска американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Тој додаде дека ќе инсистира европските сојузници да трошат повеќе пари за одбрана.

-Европскиот континент заслужува да биде ослободен од секаква агресија, но оние во соседството треба најмногу да инвестираат во таква индивидуална и колективна одбрана, наведе Хегсет.

Тој додаде дека американскиот Конгрес работи на зголемување на вкупните трошоци за одбрана на САД и ја минимизираше загриженоста за претстојната ревизија на Илон Маск, чија цел е да открие злоупотреби на милијарди долари во Пентагон