Палевски резервирал карта за Минск, барал да го земат од аеродром во Москва

Во долгото изведување на докази од страна на обвинителката Елизабета Јосифивска таа изнесе неколку докази поврзани со бегството на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо во Турција каде наводно заминал на операција.

Обвинителката изнесе податоци за пропуштените повици и анализирани комуникации преку различни платформи, вклучувајќи WhatsApp, Фејсбук и Вибер. Според доказите кои ги презентираше обвинителката, планот на Палевски бил од Турција, преку Белорусија, да замине за Русија. На 2 декември додека е Палевски во Турција му се јавува на домаќинот Хусеин и му вели резервирав лет за Минск, Белорусија. На 5 декември додека сѐ уште е во Турција му праќа вибер порака на извесен Драган, во која му вели дека ќе доаѓа во Москва, и бара да му обезбеди превоз од Аеродром на 5 декември.

Исто така обвинителката тврди дека кога Палевски бил екстрадиран за Македонија со себе имал големо количество на опрема, хард дидкови, неколку УСБ и слушалки.

Претходно, на 27 ноември, денот на киднапирање на Вања, во 8 часот и 3 минути Палчо ѕвони на турски број и повикот трае 9 секунди. Првиот повик на истиот ден го има во 10 часот и 45 минути, кога извсен Геге му се јавува и го вика на кафе, на што Палевски одговара дека не може, многу е уморен.

Во периодот меѓу 27 ноември и 1 декември 2023 година, обвинетиот не остварил разговори со никого освен со Влатко Кешишев и Стефан Димковски, додека на Телеграм биле забележани најмногу разговори.