![Alis Vajdel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Alis-Vajdel.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Американскиот потпретседател ЏејДи Венс се сретна во петокот во Минхен со кандидатката за германска канцеларка од редовите на крајната десница Алис Вејдел, седмица пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, објави германската јавна телевизија ZDF.
Средбата се одржала во хотел во баварската престолнина во која денеска започна Конференцијата за безбедност на кој во претходно во петокот во своето обраќање Венс го критикуваше таканаречениот „огноѕид“ со кој другите етаблирани партии се поставуваат за да ја оневозможи крајно десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) да учествува во власта.
Американскиот потпретседател притоа остри ги критикуваше земјите од Европската унија за состојбата на демократијата и слободата на говорот на нивните граѓани и неуважување на волјата на гласачите. Венс со тоа всушност алудираше на „огноѕидот“ во Германија и „републиканскиот блок“ во Франција за блокирање на крајната десница.
Портпаролот на Алис Вејдел го потврди состанокот, наведувајќи дека соговорниците дискутирале за војната во Украина, состојбите во германската внатрешна политика и слободата на говорот.
Следниот викенд по колапсот на владата предводена од социјалдемократот Олаф Шолц се одржуваат предвремените избори кои требаше да се одржат на крајот од есента. Етаблираните партии тврдат дека нема да дозволат AfD да учествува во власта, иако анкетите ѝ предвидуваат историски успех на избирачките места, откако партијата речиси една години е втора политичка сила во сите анкети.