30 компании со понуда за вработување на „Кариерен Експо 2014“

Во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје, денеска во на Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија ќе се одржи „Кариерен Експо 2014”, на кој триесет македонски компании на младите ќе им понудат отворени работни места.

Во рамки на настанот ќе се одржат и девет работилници во насока на зајакнување на вештините и знаења за младите да можат полесно да дојдат до кариерата која ја посакуваат.

Покрај тоа, сите учесници на овој настан ќе имаат можност да разговараат со претставниците на компаниите да прашаат каков профил на вработен бараат, да имаат пробни интервјуа и со помош на членовите на Младинскои совет, да изработат професионална кратка биографија.