Заеднички приоритет е што поскоро воспоставување на мир и загарантирана безбедност на сите граѓани, рече Мисајловски

На покана на министерот за одбрана на СР Германија, Борис Писториус, македонскиот министер за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на работен ручек заедно со колегите министри за одбрана и високи воени претставници од сојузничките и партнерските земји.

-Свое обраќање имаше парламентарниот државен секретар за одбрана на Германија, Томас Хичлер. Заеднички приоритет е што поскоро воспоставување на мир и загарантирана безбедност на сите граѓани, порача Мисајловски.