Променливо облачно со сончеви периоди

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини има услови за магла. Кон крајот на денот ќе има локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер.

Температурите во текот на денот ќе се движат во интервалот меѓу 6 и 12 Целзиусови степени.