
Меѓународната комисија на правници (ICJ), заедно со над 60 граѓански организации, се приклучи на итниот апел со кој ги повикува лидерите на ЕУ да преземат итна акција за справување со глобалната криза за развојна помош предизвикана од неодамнешните одлуки на американската администрација, се вели во нивното соопштение.
На 20 јануари 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Извршна наредба со која се наметнува замрзнување од 90 дена на целата американска странска помош.
-Оваа одлука веќе доведе до непосредни и катастрофални последици, вклучително и затворање на клиниките, суспендирање на програмите за лекување на болести кои спасуваат животи, нарушување на иницијативите за човекови права и владеење на правото и финансиска криза за невладините организации ширум светот. Враќањето на политиката на САД што им забранува на странските организации кои добиваат глобално здравствено финансирање од САД да обезбедуваат, советуваат или застапуваат услуги за абортус – дополнително го загрозува пристапот до основните услуги за сексуална и репродуктивна здравствена заштита, се вели во соопштението.
Апелот ја повикува ЕУ, како најголем светски давател на странска помош, да „го засили своето лидерство и да обезбеди континуирана поддршка за демократијата, човековите права, глобалното здравје и хуманитарната помош“.
Меѓу клучните препораки, потписниците ја повикуваат ЕУ да:
- Обезбеди итни финансирања за да се ублажат финансиските недостатоци создадени од замрзнувањето на помошта од САД и Правилото за глобално замолчување;
- Да се приоритизира финансирањето за секторите кои се најпогодени, вклучувајќи ги репродуктивните права, родовата еднаквост и ЛГБТИКју правата;
- Намалување на административните бариери за да се обезбеди пристапност до финансирање за граѓанските организации;
- Преземе дипломатски мерки за да ја повикате американската администрација да го смени курсот.
Целото соопштение тука.