Цените на нафтата се одржуваат над 75 долари

Цените на нафтата се задржаа над 75 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи трговците беа загрижени од предупредувањето за можно намалено снабдување од Казахстан по украинскиот напад на рускиот нафтовод.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 75,18 долари. На американските пазари, со барелот се тргуваше по цена за 43 центи повисока отколку на затворањето во петокот, по цена од 71,17 долари. Во понеделникот физичкиот пазар во САД беше затворен поради празник.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебноо објави дека барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во понеделникот чинел 76,72 долари, речиси исто како и на крајот на минатата семица.

Во фокусот на вниманието на пазарот е разговорот меѓу американските и руските претставници за војната во Украина. САД посочија дека доколку Москва и Киев постигнат мировен договор, тие би можеле да ги укинат санкциите за руската нафта.

Претставници од Вашингтон и Москва зборуваа во вторникот во Ријад првпат од почетокот на војната, и тоа повеќе од четири часа. Украина не учествуваше во разговорите, а Киев рече дека никој не може да склучува мировни договори во нивно име.

Доколку се најде решение за заобиколување на санкциите, Русија би можела да го обнови извозот на нафта, напиша Меѓународната агенција за енергија (IEA) во месечниот извештај.

Шпекулациите за можно зголемување на испораките од Русија беа засенети во вторникот со предупредувањето за можни намалени испораки од Казахстан поради оштетување на рускиoт цевковод во напад со украински беспилотни летала. Штетата може да го намали транзитот на нафта од Казахстан за околу 30 отсто, објави руската компанија „Трансњефт„, додавајќи дека поправките би можеле да траат до два месеца. Казахстан испорачува нафта преку овој нафтовод, кој сочинува еден процент од светската понуда.

Трговците, исто така, се обидуваат да проценат дали OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија може да го одложат најавеното зголемување на понудата од почетокот на април. Деловната новинаска агенција Bloomberg News објави дека објави дека оваа групација позната како OPEC+ ја разгледува можноста, но руските медиуми го демантираа извештајот.