Доларот слабее, цената на нафтата расте

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во средата претпладнето во однос на кошницата валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,94 поени, додека вчера во истиот пресек на тргувањето изнесуваше 107,03 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,05 на 151,70 јени.

Американската валута благо ослабна и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0460 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0455 долари.

Цените на нафтата, сепак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,25 отсто, на 76,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,31 отсто, на 72,05 долари.