
Два метра буково дрво за кое немало документација вчера биле пронајдени во возилото на охриѓанец.
На булевар „Железничка“ при контрола на сообраќајот и преземени мерки по акцијата „Гора“ сопрено било товарно моторно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(53) од Охрид при што во него биле пронајдени околу два метра просторни буково дрво за кое не поседувал соодветна документација. Дрвата и товарното возило се одземени и со записник предени на шумската полиција.
По целосно документирање на настанот против Б.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.