Најголемата победа не е кога ќе ги замолчиш оние што се сомневаат, туку кога ќе докажеш колку биле во заблуда и злобни

„Најголемата победа не е кога ќе ги замолчиш оние што се сомневаат, туку кога ќе докажеш колку биле во заблуда и злобни“, вели Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ, долгодишен дипломат, во објавата на Фејсбук.

„Ова го има кажано Линколн ама причината зошто го цитирам е бидејќи многу ми е прикладно за моментов во кој се донесоа експертиве и освестеното ни граџанство сакајќи малициозно да го омаловажат присуството на Мицкоски на СРАС велејќи дека само се шетал и дека немало да зборува на настанот итн итн. Епа сакам директно да им се обратам… дечки имено баш заради таа ваша злоба од која очигледно сте заслепени и се гушите во неа, баш заради таа ваша малициозност, самото присуство и зборување на СРАС кое ќе беше носомнено победа на Мицкоски, но и за Македонија, го претворивте, заслужено, во негов триумф! Така што… само вие продолжете си вака, а владата нека тера како што тргнаа“, истакнува Шамбевски!