Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава?

Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е “рекетар и неонацист, кој лаже”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата.

Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ?

Кој е ставот на Венко Филипче за ваквите навреди?

Зошто се толку возбудени и нервозни доскорешните апологети на СДСМ?

Дали по примерот на Апасиев и Венко Филипче скршнува од прозападниот курс и смета дека американскиот претседател е неонацист и лажго?“, потенцираат во соопштението.