Алек Болдвин откри дека му бил дијагностициран ПТСН по снимањето на „’Рѓа“

Алек Болдвин откри дека му било дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување по снимањето на филмот „’Рѓа“.

Болдвин испука куршум од пиштол за кој мислел дека е реквизит на снимањето, убивајќи ја снимателката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

Алек се присетил како се чувствувал во тие моменти и и се обратил на сопругата.

-Посреќен сум кога спијам отколку кога сум буден. Отсекогаш чувствував повеќе болка за тебе отколку за себе. Мислев дека морам да дадам се од себе за да го преживеам тоа, а истото те боли, рекол актерот.

Во тие моменти извор на среќа на Алек и Хиларија биле нивните деца.

-Ги гледам децата и гледам колку напорно се трудиме да ги направиме среќни, дури и ако ги криеме работите. Знам низ што поминуваме е уникатно, но секое семејство поминува низ тешки времиња. Тоа е нешто што мораме да го почувствуваме, знаејќи дека најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашите деца е да дадеме се од себе и да се обидеме да ги направиме среќни, рече Хиларија.

Тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност кон крајот на минатата година. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на снимањето, е осудена на 18 месеци затвор бидејќи по грешка наполнила вистински куршум, кој Болдвин го употребил за време на снимањето.