
По повод светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници на ден 22 февруари, во сабота со почеток во 12 и 13 часот пред спомен куќата на мајка Тереза ќе организира бесплатно разгледување на градот Скопје.
Исто така бесплатно разгледување ќе се организира во градот Битола со почеток во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.
Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје и Битола може да присуствуваат.