
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски, вечерва во своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на маса е предлогот за мир во Украина и дека е тоа новата геополитичка слика.
-Она што целиот свет сега може да го види, новата геополитика или новата реалност, а тоа е на масата се става предлог за мир, изјави министерот Мисајловски.
-Можеби за многу европски земји ова беше изненадување, но претседателот Трамп ова го најавуваше во изборната кампања. Иако, ова за многу европски земји можеби беше наеднаш, но се беше најавено во кампањата на Трамп и оваа реалност со нови контури со нови размислувања како да се постигне мир е новата слика и новата геополитика. Натаму сите треба да размислуваме, истакна Мисајловски.
Додаде дека е најважно да се разговара за мир и дека секој посакува да се најде мир.
-Милиони луѓе се уште умираат на борбените полиња, независно од која страна се и овој хаос мора прекине, рече Мисајловски.