Израел го одложи ослободувањето на палестинските затвореници

Израел во неделата соопшти дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници што планираше да ги ослободи ден претходно бидејќи милитантната група Хамас не ги исполнила своите обврски, нагласувајќи ја кревкоста на договорот за прекин на огнот во Газа.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата рано наутро издаде соопштение во кое се вели дека Израел го супсендира предвањето на 620 палестински затвореници и притвореници „додека не се обезбеди ослободување на преостанатите заложници и без понижувачки церемонии“.

Тоа беше упатување на неодамнешните предавања од страна на Хамас за кои официјални лица на Обединетите нации рекоа дека се во спротивност со меѓународното право и кое не се почитува.

Забелешките се однесуваат на тоа што Хамас ги принудуваше заложниците да се појават на сцената пред толпа луѓе и понекогаш да зборуваат пред да бидат предадени. Низ толпата беа пренесени и ковчези со останки на заложници.

Израелското соопштение, кое исто така го обвини Хамас за постојано кршење на едномесечниот прекин на огнот, дојде откако палестинската милитантна група во саботата предаде шест заложници во Газа како дел од размената договорена како дел од примирјето.

Шестмината заложници ослободени во саботата беа последните живи израелски затвореници кои беа предадени за време на првата фаза од прекинот на огнот. Телата на четворицата загинати израелски заложници требаше да бидат испорачани следната седмица.

Не е јасно дали Израел сака гаранции за тоа ослободување или ослободување на други заложници.

Откако шестмината заложници се вратија во Израел, Хамас објави видео на кое се гледаат двајца други заложници, Евијатар Давид и Гај Гилбоа-Далал, како гледаат едно од предавањата претходно во саботата.

Портпаролот на Хамас, Абдул Латиф ал-Кану, претходно го обвини Израел дека го прекршил примирјето, бидејќи саботата помина без ослободување на Палестинците како што беше планирано.

Израел и Хамас често се обвинуваат меѓусебно за прекршување од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари, но тој продолжи да се одржува досега. Хамас во еден момент рече дека ќе престане да предава заложници поради наводните израелски прекршувања.

Израелците Елија Коен (27), Омер Шем Тов (22) и Омер Венкерт (23), сите заробени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во саботата беа предадени на Црвениот крст во центарот на Газа.

Десетици милитанти стоеја на стража пред толпата што се собра да го следат предавањето, додека маскирани мажи на Хамас вооружени со автоматски пушки стоеја на секоја страна од тројцата мажи, кои изгледаа слаби и бледи, додека мораа да мафтаат од бината.

Тал Шохам (40) и Авера Менгисту (39), претходно беа ослободени во јужниот дел на Газа.

Хамас ги отфрли критиките за саботното предавање, опишувајќи го како церемонијален приказ на палестинското единство. Шестиот заложник, Хишам ал-Сајед, 36-годишен арапски државјанин на Израел, го предаде на Црвениот крст во градот Газа без јавна церемонија.

Други 63 затвореници, од кои помалку од половината се верува дека се живи, остануваат во Газа и треба да бидат ослободени според трифазен договор за прекин на огнот со посредство на Катар и Египет.