Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка

Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија која го освоила џекпотот, ветувајќи дека ќе ја подели наградата од 500.000 евра со нив, јавува BBC.

Претставувајќи се себеси како Жан-Давид Е., човекот изјави за радио RTL дека со оглед на тоа што властите инаку ќе ги одземат парите, тој сака да се договори со нив.

„Без мене немаше да добијат, но без нив овој тикет немаше да биде купен. Сакам да им понудам да ја поделима добивката“, вели жителот на Тулуз.

Никој досега не се јавил со добитен тикет, кој бил блокиран од францускиот национален лотариски оператор Française des Jeux (FDJ), според Жан-Давид.

Жан-Давид открил дека неговиот ранец во кој бил неговиот паричник бил украден од автомобил паркиран во центарот на Тулуз на 3-ти февруари.

Откако се јавил во неговата банка да му ја блокира кредитната картичка, открил дека биле потрошени 52,50 евра со бесконтактно плаќање во блиската продавница. Жан-Давид отишол во продавницата за да провери дали персоналот видел нешто сомнително или дали некоја од неговите работи е оставен во продавницата.

„Мојот клиент разговараше со касиерот и откри дека двајца мажи кои се чинеше дека се бездомници ја искористиле неговата кредитна картичка за да купат цигари и неколку гребки“, изјави адвокатот на Жан-Давид, Пјер Дебисон за BBC.

Двајцата мажи му кажале на касиерот дека добиле џекпот од 500.000 евра на една од платежните картички и дека планираат да одат во FDJ за да ја подигнат својата добивка. Касиерот го сметал однесувањето на двајцата мажи како сомнително, бидејќи тие не можеле да го внесат ПИН-от на една од картичките што се обиделе да ги користат за да купат, според Жан-Давид.

Откако разговарал со касиерот, Жан-Давид контактирал со локалната полиција која потоа го контактирала FDJ за да ја извести компанијата за приреување игри на среќа.

Полицијата сега најверојатно ќе ја заплени добивката, а ако крадците се обратат самите на FDJ, најверојатно ќе бидат уапсени, според Жан-Давид.

Добитниците на тикетот за гребење имаат рок од 30 дена од датумот на купувањето да ја подигнат својата добивка, а за Жан-Давид и неговите неочекувани соработници, рокот брзо се приближува.

Неговиот адвокат Дебисон предложи амнестија.

„Мојот клиент беше е среќен што му е украдена кредитната картичка во овие околности и затоа не бара кривично гонење. Ова е исто така прекрасна можност за овие двајца мажи да изградат нов живот за себеси“, вели адвокатот

„Освен ако не контактираат со мојот адвокат, лозот е бескорисен. Па зошто да не се склучи пријателски договор и да се подели пола-пола?“, изјави 40-годишниот Жан Дејвид за RTL.

„За таа сума пари, подготвен сум да склучам договор“, додава тој, објаснувајќи дека својот дел од добивката – 250.000 евра, ќе го искористи за да ја исплати својата хипотека.