
Во неделата кандидатот за герамнски канцелар на коалицијата на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), победничката партија на предвремените парламентарни избори во Германија, Фридрих Мерц, го опиша „мешањето на САД во изборната кампања „подеднакво проблематично како и руското мешање“ и се заложи Европа да стане независна од САД што е можно поскоро.
„Интервенциите од Вашингтон не беа ништо помалку драматични, драстични и бесрамни од оние што ги доживеавме од Москва“, рече Фридрих Мерц во разговорот меѓу партиските претставници на јавната телевизија по парламентарните избори.
Милионерот Мерц рече и дека американскиот претседател Доналд Трамп покажал дека судбината на Европа е целосно неважна за Американците. Мерц особено ја критикуваше поддршката на соработникот на Трамп, Илон Маск за крајно десната суверенистичка, евроскептична и противдоселечничка Алтернатива за Германија (AfD).
Веројатниот иден канцелар на Германија изјави дека Германија е „под притисок од многу страни“ и затоа повика на повеќе единство во Европа.
„Никогаш не мислев дека некогаш ќе ги кажам овие зборови на германската телевизија, но сега апсолутен приоритет е да се постигне единство во Европа и да зајакне до таа мера што постепено чекор по чекор да се осамостои од САД“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU).
Мерц, рече дека се радува на самитот на НАТО во јуни.
„Прашањето е дали тогаш воопшто ќе можеме да зборуваме за НАТО во неговата сегашна форма или дали ќе треба уште побрзо да воспоставиме европска одбранбена способност“, рече Мерц.
Унија е победник, коалицискиот партнер засега е непознат
Според новите официјални проекции во 23 часот, што ги пренесува јавниот радиодифузен сервис ARD, CDU/CSU освоиле 28,5 отсто од гласовите, AfD 20,6 отсто, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 16,5 отсто, Зелените 11,8 отсто, а Левицата 8,7 отсто.
Либерално-демократската партија (FDP) со 4,4 отсто не го помина изборниот праг, ниту новооснованата левичарска суверенистичка партија Унијата Захра Вагенкнехт (BSW), која освои 4,9 отсто.
Според оваа констелација, Унијата CDU/CSU има потреба од само една партија за формирање влада, а најпосакуван партнер е SPD, со која во минатот беа веќе неколкупати правени таканаечените „Гросе“ (големи) коалиции, кои не се доро прифатени особено кај гласачите на демохристијаните.
Меѓутоа, доколку BSW сепак успее да го надмине прагот од пет проценти на изборите, на Унијата ќе ѝ треба уште еден партнер, а се размислува само за партијата на Зелените, со оглед на тоа што Мерц однапред ја отфрли можноста за коалиција со АfD. Но, Маркус Зедер, претседателот на помалата партија на Христијанско-демократската унија (CDU), баварската Христијанско-социјална унија (CSU), кој се противи на соработката со Зелените, со седмици води повеќе или помалку отворено непријателска кампања. „Со мене на чело на CSU, нема да има коалиција со Зелените“, изјави Зедер во неколку наврати.