Белата куќа ја поддржува одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници

Белата куќа во неделата соопшти дека ја поддржува одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на 600 палестински затвореници, наведувајќи го „варварскиот третман“ на Хамас кон израелските заложници.

Одложувањето на ослободувањето на затворениците е „соодветен одговор“ на односот на палестинската милитантна група кон заложниците, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Брајан Хјуз.

Тој, исто така, рече дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да го поддржи Израел „без оглед на курсот на дејствување што ќе го избере во однос на Хамас“, пренесува Reuters.