Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на Жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.

Претенденти за угледната награда согласно првата селекција се:

1. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“

2. „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“

3. „Играта на господин Филип“, Санта Аргирова, „Култура“

4. „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“

5. „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“

6. „Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание

7. „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“

8. „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“

9. „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“

10. „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“

11. „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“

12. „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“

13. „Простување“, Кица Колбе, „Или –или“

14. „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“

15. „Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“

16. „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“

17. „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“

18. „Не ѝ верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска

19. „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“ и

20. „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска. „Чудна шума“, стои во соопштението од Фондацијата.

Комисијата има обврска да го соопшти наградениот роман најдоцна до 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија, годинава се доделува 26-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на издавачкиот центар „Три“ од Скопје, се наведува во соопштението.

Фото: Фондација Славко Јаневски