Македонија со победа над Полска ги заврши квалификациите за Евробаскетот

Македонската машка кошаркарска селекција со победа во понеделникт вечерта над Полска во Скопје од 88:74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година.

Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и ТиЏеј Шортс со 21 поени.

Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и Естонија, како и Полска која заедно со Кипар, Летонија и Чешка ќе бидат кодомаќини на завршниот турнир од 27-ми август до 14-ти септември.

Македонската репрезентација ќе се врати на меѓународната сцена во август кога ќе ги стартува претквалификациите за следниот кошаркарски Мундијал