Серија А: Рома лесно до бодовите против Монца

Во последниот натпревар од 26.коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Рома на својот „Олимпико“ ја совлада Монца со 4:0.

Рома немаше премногу проблеми против „фенерџијата“ од Серија А, остварувајќи убедлива победа.

Домашните поведоа во 10. минута со голот на Алексис Саелемакерс, на 2:0 зголеми Елдор Шхомуродов во 32. минута, Анџелино го постигна третиот гол на натпреварот во 73. минута, а Брајан Кристанте во 88. минута зголеми на 4:0.

Рома е деветта со 40 бодови, додека Монца и натаму е на дното со само 14 бодови.

На врвот е Интер со 57 бодови, Наполи има 56, а Аталанта 54 бодови.