Променливо облачно, на повисоките места со врнежи

Утрово има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.

Утринските температури се движат меѓу минус 3 и 3, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 5 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро со услови за магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 12 степени.