ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди

Клинт Хил, агентот на американската Тајна служба кој скокна во лимузината на Џон Кенеди за да го заштити смртно ранетиот претседател и долго време се прашуваше дали би можел да го спаси доколку дејствувал побрзо, почина на 93-годишна возраст, објави во понеделник неговото семејство.

Хил, кој се гледа на снимката од атентатот како се фрла и се качува на задниот дел од претседателската лимузина за да стигне до претседателот и неговата сопруга Жаклин, починал мирно дома, се вели во соопштението на семејството.

„Хероизмот на Хил на 22 ноември 1963 година, за време на атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди, го направи светски симбол на храброста и почитувана икона во американската тајна служба“, се вели во соопштението.

Погоден од она што го сметаше за личен професионален неуспех, Хил ја напушти Тајната служба во 1975 година на 43-годишна возраст.

Во своето прво интервју по атентатот на Кенеди, тој во емисија на CBS изјави дека жали што не бил на патот на куршумот меѓу атентаторот и претседателот.

„Тајната служба е длабоко тажна поради смртта на Клинт Хил“, се вели во соопштението во понеделникот на агенцијата одговорна за заштита на високи американски политичари, поздравувајќи ја неговата „непоколеблива лојалност“ кон семејството Кенеди за време на оваа трагедија, како и кон претседателите Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Ричард Никсон и Џералд Форд.

Хил се возел во автомобил што ја придружувал претседателската лимузина, но – предоцна – со своето тело ги покри Џон Кенеди и првата дама Жаклин.

Снимката од 26 секунди направена од случаен минувач го снимил Хил како се фрла на претседателската лимузина, единствениот агент на Тајната служба којшто побрзал кон возилото.

Тој ја упатил првата дама која беше испрскана со крв, која изгледа како да лази, кон задниот дел од автомобилот, назад кон нејзиното седиште, а потоа ги покрива со своето атело и двајцата додека лимузината се движеше кон болницата.