Владата денеска ќе го разгледува предлогот за разрешување на Коцевски

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска ќе се најде на седницата на Владата и се очекува истиот да биде усвоен.
Како што претходно соопшти премиерот Христијан Мицкоски, постапката може да трае неколку недели, дури и месеци.

„Владата не може да го разреши, туку може да ја почне постапката. Треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Ќе потрае оваа процедура, таков е законот“, рече Мицкоски.