Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи холдинг групацијата

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата која изразува интерес за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра.

Како што информираа од владината прес-служба, во 17:30 часот премиерот Мицкоски ќе одржи заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата.