Кари погоди 12 тројки, Нов триумф на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија победничката серија и на дуелот со Минесота, во натпревар на кој Лука Дончиќ не се прослави со процентот на реализација, но придонесе за триумфот заедно со ЛеБрон Џејмс и Остин Ривс.

Дончиќ реализирал 21 поен, но со шут 6/20, Џејмс го завршил натпреварот со 33 поени, а Ривс повторно имаше одличен ефект со 23 поени.

Голден Стејт направил пресврт на гостувањето кај Орландо, а диригент на теренот очекувано бил Стеф Кари. Првата ѕвезда на „воините“ уфрли 12 тројки во кошот на „магичните“ и го заврши натпреварот со 56 поени, од кои најголем дел постигнати во вториот дел.

Банкеро реализирал 41 поен за Орландо, но и тоа не беше доволно за да се неутрализираат Кари и Голден Стејт.

Никола Јокиќ постигнал 32 поени со нов трипл-дабл во дресот на Денвер, но неговата екипа загуби на гостувањето кај Милвоки. Адетокумбо на крајот стигнал до 28 поени и 19 скокови.

Орландо – Голден Стејт 115:121
Милвоки – Денвер 121:112
Далас – Шарлот 103:96
Финикс – Њу Орлеанс 116:124
ЛА Лејкерс – Минесота 111:102