Сведоштво на шпанскиот амбасадор од аеродром: Мицкоски чекаше ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност

Сведошство на шпанскиот амбасадор од аеродром кој истакнува дека премиерот Христијан Мицкоски чекал ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност.

„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот на Македонија Мицкоски Христијан кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво“, пишува амбасадорот Рафаел Соријано Ортиз.