Во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски директни инвестиции во историјата на Македонија, вели Димитриеска Кочоска

-Сакам да споделам во јавноста еден податок кој воедно е и потврда за нашите политики кои што ги креираме, но исто така и факт за реалните состојби. Имено, денеска објавените податоци од Народна банка покажуваат дека во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски дирекни инвестиции во историјата на Македонија, и првпат во историјата надминаа една милијарда евра, односно во 2024 година странските дирекни инвестици изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра. Доколку направиме споредба со претходната година, бележат зголемување за повеќе од двојно. Значи, странските инвестиции за 2024 година изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра, информираше министерката.

-Дури во споредба со досега рекордното на странски дирекни инвестиции во 2022 година, тие во 2024 се повисоки за речиси 70 проценти, притоа е значајно дека растот на странските дирекни инвестиции изразен не само во апсолутни износи, туку и како учество во БДП. Така, во однос на проектираниот БДП за 2024 година реализираните странски инвестиции изнесуваат 8,1%, што е највисок износ уште од 2007 година. За споредба, во целиот 15 годишен период од 2008 до 2023 година, странските дирекни инвестиции ниту еднаш не надмина 6% од БДП. На овој начин потврфуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува, и има промени и работиме на враќање на довербата во системот изјави Димитриевска Кочоска.

Министерката меѓу другото изјави дека највисокиот износ на странски дирекни инвестиции е забележан во четвртиот квартал од 2024 година.

-Највисокиот износ на странски дирекни инвестиции во 2024 година се забележа во четвртиот квартал, кога изнесуват скоро 400 милони евра, односно за 73,3% повеќе во споредба со износот од претходната година, рече министерката Димитриевска Кочоска.