
Денеска во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд, соопшти УХМР.
Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје денеска кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Утре во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и во недела и ќе дува умерен северен ветер.