
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за прогласување на англискиот јазик за официјален јазик на Соединетите држави, изјави во петокот извор запознаен со ова прашање.
Изворот на Reuters не кажал кога Трамп ќе ја потпише наредбата, за која првпат објави The Wall Street Journal.
Трамп ќе ја потпише извршната наредба подоцна во петок, со која се укинува указот издаден од поранешниот претседател Бил Клинтон во 2000 година, кој бараше од федералните агенции и примателите на федерално финансирање да обезбедат јазична помош за неанглиско говорно подрачје, сподели функционер во Белата куќа за медиумската плафтформа Fox Digital.
САД никогаш немале официјален јазик во својата речиси 250-годишна историја, иако секој круцијален документ како Уставот и Декларацијата за независност е напишан на англиски јазик. Околу 180 земји од 195-те земји ширум светот имаат официјални јазици, што ги става Соединетите држави како една од ретките земји што немаат официјален јазик, рекол официјален претставник на Белата куќа.
САД никогаш немале официјален јазик на федерално ниво, но ова прашање е проблематично за некои сојузни држави.
Употребата на шпанскиот јазик во јавниот живот со текот на годините предизвика контроверзии, вклучително и во Тексас, чиј сенатор во 2011 година побара активист за правата на имигрантите да зборува англиски наместо неговиот мајчин шпански на судско рочиште.
Ова предизвика децениска дебата за тоа дали е соодветно да се зборува шпански во Тексас. Тексас некогаш бил дел од Мексико, а пред тоа дел од Шпанската империја.
Прашањето е болно за многу постари мексиканско-американски тексашани кои се сеќаваат дека биле казнувани затоа што зборувале шпански во училиштата во 1950-те.
Трамп и претходно изјавуваше дека го смета англискиот како јазик на нацијата, вклучително и во кампањата во 2024 година кога се спротиставуваше на имиграциските политики на администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден.
„Имаме јазици кои доаѓаат во нашата земја. Немаме ниту еден инструктор во целата наша нација што може да го зборува тој јазик. Тоа се јазици – тоа е најлудото нешто – тие имаат јазици за кои никој во оваа земја досега не слушнал“, рече Трамп додека зборуваше пред Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во 2024 година.
Указот е наменет да им оддаде почит на повеќејазичните Американци кои научиле англиски и им го пренеле на членовите на нивните семејства, а истовремено „да ги поттикне имигрантите“ да стигнат до американскиот сон преку заеднички јазик, рекол соговорникот на Fox Digital.