ВИДЕО| Жестока дискусија меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна

Американскиот претседал Доналд Трампи и неговиот потпретседател ЏејДи Венс влегоа во жестока дискусија со украинскиот претседател Володомир Зеленски во врска со справувањето со војната во Украина, при што Трамп на украинскиот колега му упати остра забелешка дека ја жртвува својата земја и се коцка да предизвика трета светска војна.

Како што беше претходно најавено Зеленски на средбата со Трамп треба да издејствува враќање на американската поддршка во борбата против руската инвазија, како и Вашингтон да ја заостри политиката на казнување на Москва.

Договорот за минерали за кој се преговара последните денови ќе го отвори, како што се тврди, огромното минерално богатство на Украина за САД. Украина се надева дека договорот ќе го охрабри Трамп да ги поддржи напорите на Киев да ја врати територијата заземена од Русија. Договорот би можел да добие и поддршка од републиканците во Конгресот за нова рунда помош за земјата разурната од војната.

Трамп се судри со Зеленски преку изјави последниве седмици, критикувајќи го неговото справување со војната, нарекувајќи го „неизбран диктатор“ и повикувајќи го да се согласи со договор за минерали. Но, за време на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер во четвртокот, Трамп рече: „Дали го кажав тоа? Не можам да верувам дека го кажав тоа“.

Трамп, исто така, истакна дека со нетрпение ја очекува средбата со Зеленски и ја пофали украинската војска за нивната храброст.

„Работиме многу напорно за да ја доведеме таа војна до крај. Мислам дека постигнавме голем напредок и мислам дека се одвива прилично брзо. Или ќе биде релативно брзо или воопшто нема да го има (мирот)“, додаде Трамп, без да даде детали.

Според договорот што Трамп и Зеленски се очекува да го потпишат во петок, Украина ќе придонесе 50 отсто од „сите приходи генерирани од идната монетизација на сите релевантни природни ресурси во сопственост на украинската влада“ во фонд за реконструкција во заедничка сопственост и управувана од Соединетите држави и Украина. Договорот не прецизира за какви средства станува збор, но се вели дека тие ќе вклучуваат наоѓалишта на минерали, нафта, природен гас и други материјали што може да се извлечат, како и друга инфраструктура, како што се терминали и пристаништа ЛНГ.